ВИДЕО: „Левицата“ на Подолски уште еднаш на дело, погоди од преку 50 метри

Подолски Лукас

Левата нога и силниот удар на Лукас Подолски е добро позната работа за најголемите фудбалски фанови.

Поранешниот член на Арсенал, Баерн Минхен и Галатасарај одново покажа дека и на 37 години располага со фантастична „левица“. Во дуелот против Погон Шчечин, искусниот напаѓач погоди од преку педесен метри и ги постави конечните 4-1 во корист на неговата екипа Горник Забрзе.

Подолски од лани го носи дресот на полскиот прволигаш. Досега има постигнато единаесет гола на 39 настапи.