• Мартин Танасковски

Баер Леверкузен продолжи со одличните партии оваа сезона во Бундеслигата, го декласира новајлијата Хајденхајм (4-1) и така се израмни на врвот на табелата со лидерот и актуелен првак Баерн Минхен.
- Извештај од натпреварот:
Леверкузен под водство на Чаби Алонсо игра феноменален фудбал. Во пет кола има четири победи и едно реми, а во сите натпревари досега кои учествуваше во германската елита имаше по најмалку три гола.
Главен играч е нигерискиот напаѓач Виктор Бонифасе, кој даде два гола во новата победа. Тој го отвори резултатот во 9. минута, а потоа погоди од пенал во 74. минута. За домаќинот стрелаа уште Хофман и Адли, а почесниот гол за гостите го даде Динкчи. Мечот го одбележа и Паласиос со две асистенции.
Во следното коло Баер Леверкузен гостува кај Мајнц, додека Хајденхајм е домаќин на Унион Берлин.