ВИДЕО: Леверкузен сигурен на „Ајброкс“, Олимпијакос со црвен картон издржа против Волвс

Баер Леверкузен славеше на тешкото гостување на „Ајброкс“ кај Глазгов Ренџерс со 1-3, во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа. Избраниците на Стивен Џерард парираа до пред полувремето, кога гостинот од пенал поведе, па во продолжението само ја потврдија победата. 

  • Глазгов Ренџерс - Баер Леверкузен 1-3: 

Стартот очекувано беше мирен и двете екипи играа без непотребни ризици, но со многу прекини и фаули на средината од теренот. Гостите од Леверкузен добија пенал по игра со рака во шеснаесетникот, кој го реализираше Каи Хаверц во 37. минута за 0-1. 

Стартот од продолжението им припадна на домашните играчи, а најзрелата шанса ја испушти Морелос, чиј удар го одбрани голманот Храдецки. Казната на спротивната страна стигна во 67. минута, кога Арангуиз искористи одбиена топка и го совлада МекГрегор.

Стоперот на Ренџерс, Едмундсон по само осум минути стрелаше за надеж со глава по корнер. Сепак, Леон Бејли ја врати предноста од два гола за Баер, откако ефектно погоди од косо во спротивниот агол, со лоб удар во самиот финиш на средбата.

Олимпијакос успеа да задржи реми од 1-1 на домашниот дуел пред празни трибини против Вулверхемптон, откако остана со играч помалку уште во првите 30 минути. Португалскиот стопер, Рубен Семедо кој е еден од најдобрите играчи го остави на цедило својот тим, кој сепак одигра „лавовски“ и не загуби. 

  • Олимпијакос - Вулверхемптон 1-1:

Екипата од Пиреја дури и поведе на стартот од првиот дел, преку Ел Араби кој ја погоди мрежата на Руи Патрисио на асистенција од Гиљерме во 54. минута. Израмнувањето за гостинот од Англија го донесе Педро Нето, кога во 67. минута го измами противничкиот голман при воиграно изведување на слободен удар со Мутињо. Гостите имаа можност и за победа преку Диего Жота и Раул Хименез, но напаѓачите не ги искористија своите шанси. 

Шахтјор дојде до триумф на гостувањето кај Волфсбург со 1-2, па од пол позиција ќе го стартува реваншот во Украина. Гостите поведоа рано преку Мораеш, по што следеа два промашени пенали, по еден на двете страни. Германците израмнија на стартот од продолжението преку Брукс, но радоста ја прекина Антонио во 73. минута за победа на празната „Волксфаген Арена“.