ВИДЕО: Леверкузен не виде мака со Унион Берлин, реми на Дортмунд и РБ Лајпциг

Екипата на Баер Леверкузен го совлада Унион Берлин со конечни 2-0 (1-0) во натпреварот од шестото бундеслигашко коло и барем за момент се искачи меѓу најдобрите четири екипи на табелата. 

„Фармацевтите“ беа многу подобар ривал и заслужено ги освоија бодовите, кои ги донесоа Ернест Поку и Кристијан Кофане. Погодоците дојдоа во 33. и 49. минута, залиха која се покажа како повеќе од доволна на крајот. 

Унион не беше слаб противник, имаше свои шанси за погодок, но одбраната на Баер беше на завидно ниво и не дозволи непријатности во финишот. 

Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1. Баумгартнер стрелаше во првиот дел за гостите, а конечниот резултат го постави Бразилецот Јан Коуто. 

Аугзбург на домашен терен беше поуспешен од Волфсбург и победи со конечни 3-1, а минимален триумф пред своите гледачи извојува екипата на Вердер Бремен, која со 1-0 го надигра тимот на Сент Паули