• Саше Љолес

Екипата на Баер Леверкузен очигледно нема намера да загуби од никого сезонава во Бундеслигата и со гол во 98. минута се избори за реми кај Борусија Дортмунд во мечот од 30. коло (1-1).
- Извештај од натпреварот:
„Милионерите“ долго се мачеа да го отворат резултатот и успеаја дури во 81. минута преку Никлас Фулкруг, но новиот шампион на Германија сепак не се предаде и во последните секунди освои бод со погодокот на Хрватот Јосип Станишиќ.
Дортмунд беше многу близу до победа со која бодовно ќе се израмнеа со РБ Лајпциг на четвртата позиција, но момчињата на Чаби Алонсо притиснаа на крајот и не им дозволија на домаќините да им го нанесат првиот пораз сезонава. До крајот на Бундеслигата остануваат уште четири кола.