ВИДЕО: Леверкузен не го победи Сент Паули, Баерн го лади шампањското

Фудбалерите на Сент Паули ремизираа 1-1 со Баер Леверкузен во Хамбург во 30. коло од германската Бундеслига. Најзадоволен од исходот на мечот веројатно е Баерн Минхен кој на четири кола до крајот на шампионатот оствари предност од осум бода пред „фармацевтите“.

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме го одбележа блага иницијатива на теренот на гостите, но и голема битка на средината од теренот од која никој не се предаваше. Сепак, „фармацевтите“ успеаја да поведат во 32. минута, Грималдо изведе одличен слободен удар од десната страна, а највисок во скокот беше Патрик Шик.

До крајот на полувремето немаше промена на резултатот, па можевме да видиме повеќе возбудувања во преостанатиот дел од натпреварот. Сент Паули успеа да создаде неколку опасни ситуации пред голот на Храдецки, голманот на гостите мораше да реагира на ударот на Смит, но беше немоќен против ударот на Гилавоги во 74. минута.

За среќа на Финецот, голот беше поништен по пријава од ВАР-собата, но не требаше многу да „зоврие“ славниот Милернтор. Се играше 78. минута кога Храдецки лошо реагираше по ударот на Синани, а Карло Букаифа успеа да ја смести топката во голот на Баер и со тоа да израмни.

После тоа, екипите заиграа уште поотворено, желни за освојување на трите бода, а голманот на домаќините Васиљ во два наврати одлично реагираше по обидите на Грималдо и Хинкапи.