Леверкузен доведе талентиран дефанзивец од редовите на новиот европски шампион

Досегашниот фудбалер на францускиот ПСЖ, Аксел Тапе, замина од Париз и потпиша долгогодишен договор со германскиот бундеслигаш, Баер Леверкузен. 

„Фармацевтите“ во соопштението напишаа дека трансферот е целосно бесплатен, а од 17-годишниот Тапе се очекува да биде солидно засилување за следните сезони. Младиот талент одигра само три натпревари за ПСЖ, а сега се очекува да добие значително поголема улога и минутажа во германскиот клуб. 

Се работи за поливалентен дефанзивец, со одлична брзина и сериозни атлетски способности. Леверкузен во него гледа долгорочно решение за неколку позиции во одбраната. 

ФОТО/PHOTO: Bayer Leverkusen/Twitter/X