• Саше Љолес
Екипата на Леванте го совлада Хетафе со 1-0 (0-0) во натпреварот од 31. коло на шпанската Примера, со што јасно стави до знаење дека нема лесно да се откаже од битката за опстанок.
Домашниот тим ги освои трите бода со голот на Карлос Еспи, кој стрелаше во 83. минута. За Леванте ова е само седма победа сезонава, со која стигна до 29 бода, четири помалку од Алавес, кој ја држи првата позиција над опасната зона.
Вреди да се напомене дека Леванте успеа да промаши дури два пенали во текот на второто полувреме. Еднаш не реализираше дефанзивецот Дела, а вториот пат промаши напаѓачот Иван Ромеро.
Во следното коло, Леванте ќе ја пречека Севиља на домашен терен, додека Хетафе останува на осмата позиција на табелата и ќе се подготвува за дуел со незгодниот Реал Сосиедад.









