ВИДЕО: Леванте со гол предност ќе патува кај Барселона на „Камп Ноу“

Екипата на Леванте ја изненади фаворизираната Барселона и на домашен терен во рамки на првиот дуел од осминафиналето во Копа дел Реј, славеше со 2-1 (2-0).

Леванте без Енис Барди во тимот успеа да се справи со далеку позвучниот противник, кој на овој натпревар настапи во комбиниран состав. Во еден меч со многу шанси паднаа три гола, а победата е на страната на домаќинот, кој ќе треба добро да се брани на „Камп Ноу“ ако сака да преживее во оваа фаза од Купот.

Што се однесува до мечот, Леванте поведе уште од првата шанса, кога во 4. минута во мрежата на Силесен погоди Кабако. Во 18. минута, Мајорал зголеми на 2-0, а потоа, иако се имаше неколку шанси на двете страни, на полувреме Леванте имаше предност од еден гол. Во второто полувреме Леванте имаше три убави прилики да постигне и трет гол, но не успеа, а за тоа казни Филипе Кутињо во 84. минута, од пенал, за конечни 2-1.

Реваншот меѓу Барселона и Леванте на „Камп Ноу“ ќе се игра за седум дена.