Леванте размислува да се раздели со Барди за да се спаси од банкрот?

Пандемијата која владее низ целиот свет предизвика големи загуби на фудбалските клубови. Голем број екипи се разделуваат со своите најголеми ѕвезди, со цел да ги решат финансиските проблеми.

Леванте е една од екипите која мора да пријави дополнителни 16,5 милиони евра, со цел да го задоволи финансискиот фер-плеј во Примера. Челниците на клубот сериозно размислуваат да продаваат неколку звучни имиња во текот на летниот трансфер период.

Се споменува името на Енис Барди, кој важи за еден од подобрите во тимот од Валенсија. 25-годишниот специјалист за прекини се проценува на околу 15 милиони евра, што ќе биде повеќе од доволно за да се покрие загубата од минатата сезона.

Со името на македонскиот репрезентативец во минатото се поврзуваа Арсенал, Њукасл Јунајтед, Валенсија, како и на турските гиганти Фенербахче и Галатасарај.

За ваков расплет на кариерата на Барди се шпекулира веќе половина година. Останува да видиме дали ќе ја промени играчката средина по настапот на Европското првенство.