ВИДЕО: Леванте потопен на „Сан Мамеш“, Барди одигра скоро цел натпревар

Енис Барди одигра 82. минути, но Леванте второ коло по ред е поразен. На „Сан Мамеш“ во Билбао водечкиот гол, кој ги најави трите бода за Атлетик Билбао, го постигна Беренгер во централната фаза на второто полувреме.

Засилувањето од Торино им побегна на гостинските дефанзивци и го постигна водечкиот гол (1-0). Ињаки Вилијамс во 79. минута ја потврди победата со гол за 2-0.  Овие три бода се сигнал за излез од кризата за Баскијците.

  • Атлетик Билбао - Леванте 2-0:

Попладнево на „Ипуруа“ во Еибар, истоимената екипа и Осасуна играа без голови (0-0). Заради два жолти картони крајот на натпреварот не го дочека Монкајула од тимот од Памплона.

  • Еибар - Осасуна 0-0: 

Денес се играат уште пет натпревари од петтото коло, а највозбудливо треба да биде дербито меѓу Виљареал и Валенсија.