ВИДЕО: Леванте на првиот меч без Барди ги подели бодовите со Елче во Примера

Екипите на Леванте и Елче одиграа реми со по еден гол (1-1) и ги поделија бодовите во првиот натпревар од саботната програма во Примера. Домаќинот од Валенсија без македонскиот репрезентативец Енис Барди не успеа да победи против едно од изненадувањата на стартот од сезоната. 

  • Леванте - Елче 1-1: 

Резултатот на „Сиудад де Валенсија“ го отвори Гонзало Мелеро. Играчот за врска со глава погоди по корнер на Леванте и во 12. минута домаќинот водеше со 1-0. Претходно истиот фудбалер имаше изгледна шанса, кога биеше и го изнуди корнерот од кој дојде голот. 

Елче тргна многу подобро во продолжението. Под притисок од предноста на Леванте, гостинот ја презеде иницијативата и контролата врз играта. Тоа резултира со гол за израмнување во 64. минута од натпреварот. Санчез нафрли од слободен удар во шеснаесетникот, а Тете се снајде најдобро па ја смести топката во домашната мрежа (1-1). Во продолжението немаше други зрели можности на двете страни, па тимовите мораа да се задоволат со делба на бодовите. 

Синоќа, во првиот натпревар од десеттото коло на Примера, Осасуна и Хуеска играа без победник, 1-1. Стрелци на головите беа Рамирез за гостите и Гарсија за домаќините.