Леванте ја промовира Андонова: Можеме да освоиме нешто оваа сезона

Македонската репрезентативка Наташа Андонова ја промени средината во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Леванте.

Најдобрата македонска фудбалерка во историјата играше за Барселона, меѓутоа, направи промена. Андонова во клубот влегува со големи амбиции, а на промоцијата истакна дека е подготвена да освои нешто со Леванте.

Покрај Андонова, Леванте како нови фудбалерки ги промовираше Редондо и Џема. Тимот ланската сезона ја заврши на третото место, зад Барселона и Атлетико Мадрид.

25-годишната Андонова покрај за Барселона во кариерата играше уште и за клубови како ПСЖ, Розенгард, Турбине Потстдам...