ВИДЕО: Леванте го загуби градското дерби, Барди доби еден час

Енис Барди

Енис Барди одигра еден час во поразот на Леванте во пријателската средба против Валенсија (1-0).

Тимот на македонскиот фудбалер го запиша првиот пораз во подготвителниот период. Стрелец на единствениот погодок беше Алдерете во првото полувреме.

25-годишникот играч за врска ја имаше една од неколкуте шанси за Леванте. Сепак, неговиот слободен удар не беше доволно прецизен за да му наштети на противничкиот голман.

Следен предизвик за фудбалерите на Пау Лопез ќе биде Саутемптон на 4 август.