• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Леванте остварија значајна победа од 2-0 над Алавес во рамките на 26. коло од Ла Лига, задржувајќи ги шансите за опстанок во елитата. Тимот предводен од Луис Кастро со овој триумф стави крај на серијата од пет натпревари без победа и фати приклучок во борбата за избегнување на испаѓање.
- Извештај од натпреварот:
Првото полувреме не понуди многу возбудувања, а клучниот момент се случи во 61. минута, кога Парада заработи црвен картон, оставајќи ги гостите со играч помалку. Бројчаната предност Леванте ја искористи во финишот. Резервистот Карлос Еспи, 20-годишен напаѓач, во 88. минута со прецизен удар го совлада Антонио Сивера за водство од 1-0.
Во седмата минута од судиското продолжение, повторно Еспи се најде во центарот на вниманието, откако по асистенцијата на Ете Ејонг ги постави конечните 2-0. По ова коло, Леванте останува на претпоследната позиција со 21 бод, додека Алавес е 14-ти со 27 освоени поени.


