ВИДЕО: Леванте без Барди во стројот го реши Луго за осминафинале во Купот на Кралот!

Екипата на Леванте, иако без својата „десетка“ Енис Барди, успеа да ја оправда фаворитската улога и во првиот денешен натпревар од Купот на Кралот славеше над Луго со 2-0 и обезбеди пласман во осминафиналето.

Нашиот репрезентативец доби дополнителен ден одмор од својот тренер, но тоа не им претставуваше проблем на Двамена и Коке да ја затресат противничката мрежа и да го одведат тимот меѓу 16-те најдобри во најмасовното натпреварување на Шпанија

Денес на програмата ќе се одиграат уште четири реванш-мечеви од третото коло на Купот на Кралот, а првиот нареден е од 16:15 мечот меѓу Реал Мадрид и Мелила.