• Иван Димовски
Екипата на Алавес се врати во шпанската Примера, откако го доби двомеч баражот во финалето на плеј-офот против Леванте (0-1). Домаќинот на „Сиудад де Валенсија“ беше пред враќање во шпанската елита, меѓутоа прими гол во деветтата минута од надополнувањето во продолженијата.
Првиот натпревар во Виторија заврши без погодоци, а и вториот беше на добар пат да забележи ист резултат. Доколку и реваншот завршеше со 0-0, во тој случај немаше да има пенали, туку според правилата на шпанскиот фудбал, Леванте како подобропласиран во регуларната сезона ќе одеше во елитата.
Сепак, славјето беше расипано во 129. минута, кога Асиер Вилалибре реализира пенал за големо славје по игра со рака.
Леванте има за што да жали, во продолженијата двапати ја погоди рамката од голот, меѓутоа беше на неколку минути до експресно враќање во Примера.