ВИДЕО: Левандовски со хет-трик, Баерн го распарчи Менхенгладбах

Екипата на Баерн Минхен од попладнево е старо-нов шампион на Германија. „Баварците“ со стил ја потврдија титулата и на домашен терен ја распарчија Борусија Менхенгладбах (6-0).

  • Извештај од натпреварот:

Дортмунд славеше над Лајпциг, па по тој меч сите дилеми околу првакот беа разрешени. Баерн деветти пат по ред е шампион на Германија, а титулата ја потврди со стил, со „петарда“ во мрежата на „ждребињата“ кои немаа никакви шанси да се надигруваат со расположениот ривал.

Голгетерско шоу на овој натпревар имаше полскиот центарфор Роберт Левандовски. „Деветката“ на Баерн беше расположена и постигна три гола во мрежата на Менхенгладбах, па влезе во клубот 200 во Бундеслигата, односно стана играч со 200 или повеќе голови во германската елита.

На Левандовски му е потребен уште еден гол за да го изедначи рекордот на Герд Милер, кој има постигнато 40 гола во една сезона во Бундеслигата. Останатите два гола за Баерн Минхен беа дело на Томас Милер, Кингсли Коман и Лирој Сане. Вреди да се напомене дека фаворитот заврши и со играч помалку затоа што директен црвен со ВАР доби Куаси Нианзу.

Баерн Минхен ја запиша 23-тата победа во Бундеслигаа по 32 одиграни кола. Менхенгладбах со овој пораз скоро и да ги загуби шансите за излез во Европа.