Левандовски се врати на тренинг, но нема шанса да игра со ПСЖ (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Баерн Минхен полека но сигурно заздравува од повредата која го оддалечи од терените. Роберт Левандовски се повреди во настапите за репрезентацијата на Полска, а тоа може многу да ги чини Баварците. 

Проблемите на Ханси Флик се големи, за двомечот против ПСЖ му недостигаат неколку важни играчи, но без сомнение најголемо е отсуството на Левандовски. Од Баерн потврдија дека полскиот напаѓач се врати на тренинзите, ама нема да биде во можност да им помогне на соиграчите на реваншот во Париз

На социјалните мрежи веќе се појавија видеа и фотографии од тренингот на Левандовски, тој трча без пробле, ама заздравувањето ќе потрае и во наредниот период. 

Баерн утре ќе гостува на „Паркот на принцовите“ и ќе има тешка задача да надополни гол заостанок, но и три погодоци на гостински терен кои ПСЖ ги има од Минхен. Сето тоа Баварците ќе го бркаат без Левандовски, Гнабри и неколку важни имиња...