Левандовски се прости од Баерн израмнувајќи рекорд на Герд Милер

Левандовски

Роберт Левандовски по седми пат ја освои „Златаната копачка“ која се доделува на најдобриот стрелец во Бундеслигата.

Полскиот напаѓач би можел да си замине ова лето. На последниот меч оваа сезона ја потврди голгетерската доминација и се израмни со легендарниот Герд Милер, кој исто така во седум наврати беше прв стрелец во германскиот шампионат.

Гласни се шпекулациите дека искусниот фудбалер сака да си замине од Минхен. Барселона е заинтересирана за неговите услуги, а наводно тој веќе го известил клубот за својата намера да ја промени играчката средина.

Левандовски пристигна во Баерн во летото 2014 година од Борусија Дортмунд и за кратко време стана еден од најдобрите играчи во историјата на овој клуб.