Левандовски нова „деветка“ на Барса: Еуфорија како Роналдињо!

Полскиот центарфор Роберт Левандовски пристигна во Барслеона е е претставен како нов играч на каталонскиот клуб на „Камп Ноу“.

Центарфорот дојде од Баерн Минхен за сума од околу 50 милиони евра и направи голема еуфорија во шпанскиот град. Новинарите од земјата пишуваат дека ваква еуфорија во Барселона немало од времето на трансферот на Роналдињо.

„Многу сум среќен што дојдов во култен и голем клуб како Барселона и што ќе имам шанса да играм на „Камп Ноу“. За мене е посебно да играм пред вакви навивачи и се надевам дека на крајот заедно ќе славиме титули“, изјави Левандовски.

Најдобриот центарфор во светот ќе го носи дресот со број девет кој досега му припаѓаше на Мемфис Депај. Првиот натпревар на Барселона во Примера ќе биде против Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски.

Левандовски го напушти Баерн Минхен по осум години откако со „баварците“ ги освои сите можни трофеи и се афирмира како еден од најдобрите играчи во светот. Претходно, тој блескаше и во Борусија Дортмунд.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.