Левандовски: Ми се остварија сите соништа од детството

Полска ја победи Саудиска Арабија со 2-0 во натпревар од второто коло од групата Ц на Светското првенство во Катар. Левандовски постигна гол во 82. минута и тоа беше негов првенец на Светско првенство во пет натпревари. По голот истрча кај корнер знаменцето, ги рашири рацете и падна на тревата, а соиграчите дотрчаа кон него да му честитаат. Кога стана, ги избриша солзите и ги бакна навивачите на трибините. 

„Ми се остварија соништата, сите мои соништа од детството. Како што стареам, се поемотивен сум. Свесен сум дека кога станува збор за Светско првенство, ова би можело да биде моето последно. Сакам еден ден да се пофалам дека играв на Светско првенство и дека бев стрелец“, изјави 34-годишниот напаѓач на Барселона.

Полска одигра нерешено во првиот натпревар на турнирот против Мексико, а Левандовски промаши пенал. Селекторот на Полска, Чеслав Михњевич изјави дека не е изненаден од емотивната реакција на Левандовски.

„Знам како емотивно го доживеа натпреварот. Жал ми е што немаше доволно среќа, ја погоди стативата и голманот го одбрани неговиот удар. Денес можеше да постигне хет-трик“, изјави селекторот. 

Во третото коло од групата Ц в среда, на 30 ноември, Полска од 20:00 часот ќе игра против Аргентина, а во истиот термин Саудиска Арабија ќе се соочи со Мексико.

Состави

Czeslaw Michniewicz

3-4-3

    Ерв Ренар

    4-5-1