Левандовски: Клоп во мене го разбуди напаѓачкиот инстинкт!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, пред дуелот со Ливерпул изјави дека неговиот поранешен тренер, а сегашен на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп е најзаслужен за развојот на неговата кариера.

Полјакот се пресели во тимот на Борусија Дортмунд во 2010 година, а четири години подоцна го облече дресот на Баерн Минхен, како еден од најдобрите напаѓачи во тоа време.

„Од Јирген Клоп научив да верувам во себе. Тој едноставно го разбуди напаѓачкиот инстинкт во мене. Едноставно не знаев дека имам толку голем потенцијал во мене, а тој тоа едноставно го откри. Клоп е најзаслужен за развојот на мојата кариера“, изјави Левандовски.

Левандовски ќе има можност токму против Клоп на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите да ги покаже своите вредности.

„Стигнавме до фаза кога два натпревари ја одлучуваат нашата судбина. Страв има во потсвеста, но ние сме максимално подготвени и ќе се обидеме да го елиминираме Ливерпул.

Мечот на „Алијанц Арена“ се игра утре со почеток од 21:00 часот, а првиот натпревар на „Енфилд“ заврши 0-0.