Левандовски испрати порака кон Реал Мадрид

Левандовски Роберт

Роберт Левандовски беше претставен како нов фудбалер на Барселона. Искусниот голгетер ќе го засили тимот на Чави Хернандез, кој се надева на поуспешна сезона во однос на ланската, која беше прва без Лионел Меси.

Полскиот напаѓач за време на обраќањето до новинарите испрати порака и до големиот ривал на каталонскиот тим, Реал Мадрид.

„Секогаш сум подготвен да се соочам со Реал Мадрид. Знам како да играм против нив. Последната сезона беше многу добра за Реал. Ќе биде тешко да ги победиме. Очигледно сум сигурен дека ќе играме да победиме и да ја освоиме Лигата на шампионите. Подготвени сме за „Ел Класико“ натпреварите“, рече 33-годишникот.

Мадриѓани ќе бидат домаќини на првото големо дерби на 16 октомври, а второто соочување е закажано за 19 март наредната сезона на „Камп Ноу Спотифај“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.