Левандовски и оваа година е неприкосновен во трката за „Златната копачка“

Ле

Се чини дека никој нема да може да му застане на патот на Роберт Левандовски кон освојување на нова „Златна копачка“.

Со 31 погодок во овогодишната сезона во Бундеслигата, полскиот напаѓач е убедливо на врвот на листата најдобри стрелци во Европа. Зад него на второто место далеку е Карим Бензема со неговите 22 погодоци за Реал Мадрид во Примера.

Следуваат Чиро Имобиле и Душан Влаховиќ со гол помалку од францускиот голгетер, а по 20 гола оваа сезона постигнаа Мохамед Салах и Патрик Шик. 

За Левандовски тоа ќе биде втора награда во низа. Лани ја победи конкуренцијата со 41 погодок во дресот на Баерн Минхен.