Левандовски и Мбапе против планот на ФИФА за СП на две години

ФИФА

Роберт Левандовски и Килиан Мбапе се последните ѕвезди кои испратија критика кон ФИФА, која планира да воведе Светско првенство на секои две години.

Челниците на Меѓународната фудбалска федерација инсистираат да се скрати периодот на организација на светскиот собир. Тоа ќе донесе поголеми возбудувања за фановите, но и зголемување на приходите, што според критичарите е главна причина за планот на ФИФА.

„Веќе имаме густ распоред секоја година. Ако сакате да им понудите нешто ново на фановите, мора да направите пауза“ , вели Левандовски.

„Ако Светското првенство се организира на две години, тогаш турнирот ќе стане нормална работа, а тоа не смее да биде така“, се надоврза на Мбапе.

Засега нема конечна одлука околу проектот Мундијал на две години. Мнозинството од фудбалскиот свет е против, но Џани Инфантино е упорен во намерата да ја имплементира својата замисла.