Левандовски: Голем дел од младите момчиња кои беа во тимот ги запознав вчера...

Екипата на Баерн Минхен со огромни проблеми се судри со Борусија Менхенгладбах и го загуби бундеслигашкиот натпревар. Во тимот недостигаа Мануел Нојер, Лукас Хернандез, Алфонсо Дејвис, Танги Нианзу, Омар Ричардс, Дајот Упамекано и Лерој Сане поради ковид-19. Покрај нив ги немаше повредените Коман, Горецка, Станишиќ и Толисо, додека Сар и Чупо-Мотинг се на Африканскиот Куп на нации. 

Нагелсман имаше огромен број на проблеми, Сабицер и Кимих мораа да играат беков, Мусиала доби дефанзивна улога, а стартер беше младиот Малик Тилман. Шанса за игра во продолжението добија Копадо и Ванер. 

За оваа ситуација по поразот зборуваше Роберт Левандовски, кој нагласи дека дел од младите 16-годишни момчиња првпат ги запознал оваа седмица. 

„Дефинитивно ни беше тешко да се припремиме за оваа средба. Речиси половина од тимот кој вчера настапи дојде директно од празници. Всушност бевме осум сениори, ова беше чудна седмица. Се обидовме да одиграмедобар натпревар, иако ни се приклучија осум или девет нови играчи. 

Искрено, момчињата првпат во животот ги видов вчера. Не знам, можеби еден или двајца од нив веќе тренирале со нас, но јас првпат ги запознав вчера. Се гледа дека имаат талент, имаат по 16-17 години и ова за нив ќе биде големо искуство“, изјави Полјакот. 

Иако Баварците поведоа со голот на Роберт Левандовски, сепак Нојхаус и Лаинер уште во првиот дел направија пресврт за Менхенгладбах (1-2).