Левандовски го надмина Обамејанг: Стрелец на девет натпревари по ред во Бундеслигата

Минхенски Баерн Минхен вчера ја прекина лошата серија во германскиот шампионат, откако славеа минимално го совлада новиот член на елитата Унион Берлин со 2-1.

Оваа победа е петтата сезонска радост за Баварците и нов рекорд за Роберт Левандовски. Тој стана прв играч во Бундеслигата  кој постигнал погодок во првите девет средби од почетокот на сезоната.

Полјакот го надмина досегашниот рекордер, Пјер-Емерик Обамејанг, кој во сезоната 2015/16 во дресот на Борусија Дортмунд реализираше барем по еден гол во првите осум сезонски мечеви.