• Мартин Танасковски

Екипата на Баерн Минхен иако не ја наполни противничката мрежа како што знае, дојде до три бода на гостувањето кај Аугсбург (0-1) и го задржа врвот во германската Бундеслига.
- Аугсбург - Баерн Минхен 0-1:
„Баварците“ имаа доминација и контрола на играта, ама мора да се задоволат со победа од само еден гол. И тоа од пенал. Уште во 13. минута од натпреварот, Роберт Левандовски доби шанса да шутира од белата точка и ја стресе мрежата на Аугсбург.
- РБ Лајпциг - Унион Берлин 1-0:
Важна победа забележа РБ Лајпциг, кој на домашен терен беше подобар од Унион Берлин (1-0). Голот вреден три бода го постигна Форсберг во 70. минута по асистенција на Дани Олмо, па Лајпциг на табелата успеа да го скокне Баер Леверкузен.
- Фрајбург - Ајнтрахт Франкфурт 2-2:
На останатите натпревари Арминија Билефилд доминантно победи со Штутгарт (3-0), а единственото реми го одиграа Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт (2-2).