• Саше Љолес
Искусниот полски напаѓач, Роберт Левандовски, и покрај тоа што се наоѓа во доцните фудбалски години, продолжува да ги тресе противничките мрежи и да докажува дека е подготвен да игра на највисоко ниво.
Сепак, во последните недели силно се шпекулира за неговата иднина, откако уште не е познато дали Барселона ќе му понуди продолжување на договорот, кој истекува следното лето.
„Сосема сум фокусиран на оваа сезона и на тоа да извлечеме максимум од неа. Не размислувам за тоа што ќе биде следната сезона и дали ќе бидам во Барселона.
Дури и ако клубот сега ме контактираше за преговори, јас би рекол дека сакам да почекам до летото и да видам што е најдобро за мене и моето семејство“, изјави Левандовски.
37-годишниот Левандовски покажува дека сѐ уште може да биде меѓу клучните играчи на Барселона, а неговите настапи во текот на сезоната го оставаат отворено прашањето околу неговата иднина во клубот.
ФОТО/PHOTO: FC Barcelona/Facebook








