ВИДЕО: Левандовски доби „ќотек“, Полска ремизира со Исланд

Полска доживеа изненадување пред стартот на Европското првенство (ЕП), затоа што ремизира со Исланд (2-2) и истовремено го исцрпи најдобриот фудбалер.

Роберт Левандовски од Баерн Минхен се најде во стартниот состав, ама Исланѓаните воопшто не го штедеа. Беа прегруби кон него, а во неколку наврати напаѓачот лежеше на земјата во болка. Полјаците се надеваат дека жестоките дуели нема да донесат и повреда за главниот играч.

  • Извештај од натпреварот: 

Што се однесува до натпреварот, Полска беше голем фаворит, ама не победи. Исланд прв поведе преку Гудмунсон во првото полувреме, па изедначи Зиелински, а откако „рибарите“ дојдоа пак во предност, овој пат преку Бјарнарсон во второто полувреме, конечните 2-2 ги постави Свидерски во 88. минута.

Првиот натпревар на ЕП 2020, Полска го игра на 14 јуни против Словачка.