Летот за Лондон каснеше, Реал во последен момент доби огромно засилување

Федерико

Реал Мадрид е најуспешната екипа во историјата на Лигата на шампионите. Тимот на Зинедин Зидан оваа сезона одново е во завршницата и игра за нова титула.

Противник на патот до големото финале за мадриѓани е Челзи. Премиерлигашот избори реми (1-1) на првото соочување на шпанско тло, па конечната одлука се очекува на реваншот на „Стемфорд Бриџ“.

Најтрофејниот клуб во ЛШ во последен момент доби одлични вести. Во конкуренција за настап на реваншот ќе биде и Федерико Валверде.

Уругвајскиот репрезентативец доби негативен резултат на коронавирус и отпатува заедно со екипата. Летот за англиската престолнина каснеше само за тој да биде дел од „кралската“ експедиција.

Избраниците на Томас Тухел имаат мала предност поради резултатот, но и фактот дека играат на домашен терен во вториот натпревар.