Летонија ја испушти првата шанса промоција во Лига Ц, Молдавија се радува во Рига

Фудбалската селекција на Летонија ја испушти првата шанса да го обезбеди првото место во групата 1 од Лига Д во Лигата на нации. Пред својата публика Летонците важеа за големи фаворити во пресметката со Молдавија, но тоа остана само на хартија и го впишаа првиот пораз во групата, по четирите врзани победи.

Во Рига, фудбалерите од Молдавија како повеќе да ги сакаа бодовите и на крај заслужено славеа со минимални 1-2 (0-2). Проблемите во домашниот табор започнаа кон средината на првото полувреме кога Ревенцо погоди за прва гостинска радост. Во 45. минута водството на Молдавија се зголеми, откако за 0-2 се потруди Николеску.

По десет минути игра во вториот дел, Летонија успеа да ја врати неизвесноста на натпреварот и Иканиекс намали на 1-2, но тоа беше сè од репертоарот на домашните фудбалери, па така сè ќе се решава во последното коло.

Летонија останува лидер, но сега токму Молдавија ѝ се приближи на два бода. Во последното коло Андора ќе биде противник на Летонците, додека второпласираната селекција од групата ќе се судри со Лихтенштајн.

Состави

Dainis Kazakevics

4-4-2

    Serghei Clescenco

    3-4-3