• Иван Димовски

Репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе го одигра пријателскиот натпревар против Летонија во рамките на контролниот меѓународен турнир Анталија Куп.
Избраниците на Драган Канатларовски ќе тестираат со соодветната селекција на Летонците за време на престојот во Турција. Во оваа пресметка, македонските фудбалер ќе бркаат победа за прекин на серијата од три ремија во претходните циклуси. Покрај со Летонија, Македонија во Анталија ќе се судри со Финска и Словачка.
Цапар ќе ги искористи овие тест натпревар да го склопи мозаикот и да ја креира сликата за тимот пред стартот на евро-квалификациите во септември. Македонија У21 се најде во групата Ц и ќе игра против Холандија, Грузија, Шведска, Молдавија и Гибралтар.