ВИДЕО: Летните засилувања се покажаа, Ливерпул преку третолигаш до ново коло во ФА Купот

Екипата на Ливерпул е претпоследниот патник во четвртата рунда во ФА Купот, откако ја оправда улогата на фаворит против Барнсли и славеше со убедливи 4-1 (2-1).

  • Извештај од натпреварот:

Иако против третолигаш (Лига 1), англискиот шампион одигра одлична партија пред својата публика, а посебно задоволија летните засилувања од Бундеслигата. Сепак, староседелец го отвори резултатот. По само девет минути игра Собослај на асистенција на МекАлистер донесе водство за „црвените“, а аргентинскиот ас го имаше последното додавање и за вториот гол, со тоа што овој пат во листата на стрелците се запиша Фримпонг.

Пред крајот на полувремето гостите ја намалија негативата, откако Филипс погоди за 2-1. Во вториот дел Слот се реши за тројна замена, а двајца од нововлезените беа автори на преостанатите два гола на натпреварот. Фирц стрелаше прв за 3-1, додека во судиското надополнување конечните 4-1 ги постави Екетике.

Последниот натпревар од оваа фаза во ФА Купот ќе го одиграат екипите на Салфорд и Свиндон, на 20 јануари.