• Мартин Танасковски
Голманот Филип Гачевски беше главна мета на публиката во Тетово за време на натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, но и по дуелот, кога го напушташе теренот.
Чуварот на мрежата на вардарци доби удар во главата од тврд предмет за време на мечот на Градскиот стадион, а додека го напушташе теренот, мораше да интервенира специјалната полиција.
Летаа предмети од сите страни кон него, а и тој имаше што да ѝ каже на публиката која скоро цел натпревар го имаше фатено „под око“.