ФОТО: Летаа искри во Даблин, Гасперини му порача на Алонсо да замолчи

Џанпјеро Гасперини отсекогаш бил познат по неговиот темперамент, а тоа беше случај и на финалето од Лига Европа, каде неговата Аталанта стигна до прв историски трофеј и го надигра Баер Леверкузен (3-0). 

Искусниот стратег беше многу нервозен во текот на натпреварот, дури и кога неговиот тим водеше со 2-0, а во неколку наврати имаше и вербален дуел со противничката клупа. Чаби Алонсо често протестираше кон судиите поради огромниот број фаули на Аталанта, по што Гасперини го стави прстот на устата и му порача на Шпанецот да замолчи. 

На крајот Гасперини имаше многу причини за славје, затоа што го донесе првиот европски трофеј за Аталанта, а воедно и прв во својата тренерска кариера. 66-годишниот тренер веќе осма година е предводник на италијанскиот тим. 

Состави

Џанпјеро Гасперини

3-4-3

    Чаби Алонсо

    3-4-2-1