Лестер Сити се раздели со Пуел по 16 месеци соработка!

Клоп Пуел

Прмиерлигашот Лестер Сити потврди дека се раздели со првиот тренер на екипата Клод Пуел.

По 16 месеци на клупата на „лисиците“, 57-годишниот стручњак си замина поради лошите резултати. Убедливиот пораз од Кристал Палас на домашен терен беше моментот по кој управата ја донесе оваа одлука.

Мајк Стовел и Адам Садлер, кои беа дел од тренерскиот тим, ќе застанат на чело на екипата додека не се пронајде решение.

Французинот го водеше тимот од „Кинг Пауер“ на 56 натпревари и оствари учинок од 19 победи, 13 реми средби и 24 порази. Лестер запиша четири порази во низа пред своите гледачи, нешто што се немаше случено од сезоната 1999/00.

Најсериозни кандидати за наследник на Пуел се Сем Алардајс и Алан Пардју кои моментално се без ангажман.