ВИДЕО: Лестер рутински ја „среди“ Легија и против Наполи и Елмас ќе решава во ЛЕ

Фудбалерите на Лестер Сити во вистински момент ги покажаа своите квалитети и останаа во игра за елиминациона фаза во Лигата на Европа. На „Кинг Пауер“ поранешниот шампион во Премиер лигата одигра без грешка против Легија Варшава и со победата од 3-1 ја презеде лидерската позиција во групата Ц, ама сè уште не обезбеди понатамошен пласман. 

На едно коло до крајот од групната фаза „лисиците“ со осум бода се први на табелата, второто место го делат Спартак Москва и Наполи, додека Легија е последна со шест бода. Тоа значи дека сите екипи имаат шанса за следна фаза, а за две седмици се очекува да биде супер-возбудливо во Неапол, каде Наполи и Елмас ќе го пречекаат Лестер, додека Легија на свој терен ќе се судри со рускиот тим. 

Патсон Дака уште во 11. минута го отвори полскиот тим, а десет минути подоцна погоди првата ѕвезда на Лестер, Медисон, додека третиот и последен гол во гостинската мрежа беше дело на Ндинди. Почесниот погодок за Легија го постигна Младеновиќ за тогашни 2-1.

Преполниот „Ајброкс“ ја поздрави деби-победата на новиот менаџер на Глазгов Ренџерс, Џовани ван Бронкхорст. Холандскиот стратег на клупата на шкотскиот шампион седна како замена на Стивен Џерард и веднаш пред себе имаше огромен предизвик. 

Но, неговите избраници одиграа квалитетен натпревар против Спарта Прага и со победата од 2-0 ја „грабна“ посакуваната виза за елиминациона фаза. Човек на одлука за шкотскиот гигант беше Морелос, кој ги постигна двата гола. Вториот беше вистинска комедија, затоа што го постигна со глава по неверојатна „асистенција“ на гостинскиот дефанзвиец Панак.

Во групата А, Лион славеше со убедливи 1-3 над Брондби и како првопласиран патува во следната фаза во Лигата на Европа.

Состави

Brendan Rodgers

4-3-3

    Marek Golebiewski

    5-4-1