ВИДЕО: Лестер пак немоќен, Јунајтед убедлив на „Кинг Пауер“

По ремито со Арсенал во претходното коло, фудбалерите на Манчестер Јунајтед им се вратија на победите во Премиер лигата. Во последниот денешен натпревар од 29. коло во англиската елита „црвените ѓаволи“ одново го совладаа тимот на Лестер Сити, кој од клупата е предводен од поранешната ѕвезда на Јунајтед, Руд ван Нистерлој. 

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот на „Кинг Пауер стадиум“ заврши со победа на гостите од 0-3. На полувреме беше 0-1, откако по фантастична асистенција на Бруно Фернандез домашната мрежа ја затресе Расмус Хојлунд. На стартот од вториот дел Гарначо стрелаше за 0-2, но поради офсајд ВАР го поништи голот на Аргентинецот. Сепак, сè беше чисто во 67. минута, кога токму Гарначо одново ја погоди домашната мрежа. Конечните 0-3 ги постави Бруно со прекрасен гол во судиското надополнување. 

Со оваа победа Манчестер Јунајтед направи скок од табелата и сега е на тринаесеттото место, додека Лестер останува претпоследен и многу извесно се враќа во Чемпионшип