ВИДЕО: Лестер не го виде голот на Арсенал, Мартинели ги улови „лисиците“

Екипата на Арсенал успеа да победи на гостувањето кај Лестер Сити (0-1) и така ја зголеми разликата на врвот на табелата во однос на Манчестер Сити кој во рамки на 25. коло од Премиер лигата игра со Борнмут.

  • Лестер Сити - Арсенал 0-1:

„Лисиците“ беа безопасни, не го видоа голот на Арсенал, затоа што имаа само еден шут во рамки на голот на Рамсдејл. Арсенал имаше тотална иницијатива и играше пред голот на домашниот тим, а трите бода за гостинот на „Кинг Пауер“ ги донесе Мартинели на самиот старт на вториот дел откако погоди во пад.

Вест Хем прикажа убедлива партија против Нотингем Форест и му нанесе тежок пораз (4-0). „Чеканите“ ги дадоа сите четири гола во петнаесет минути, од 70. до 85. минута. Голеадата ја стартува Ингс со два гола, па продолжија Рајс и Антонио за конечни 4-0.

Лидс на домашен терен извојува минималец со Саутемптон (1-0). Се играше 77. минута кога Фирпо реализира за триумф. Евертон пак не успеа да победи, дома загуби со Астон Вила (0-2) и повторно падна во опасната зона поради триумфот на Лидс.

  • Евертон - Астон Вила 0-2: 

Попладнево, шампионот Манчестер Сити гостива кај новиот премиерлигашот Борнмут.

Состави

Dean Smith

4-2-3-1

    Микел Артета

    4-3-3