ВИДЕО: Лестер направи две грешки и ја плати цената со пораз на „Вембли“

Тотенхем насловна

Екипата на Тотенхем се зацврсти на третата позиција со денешниот триумф над Лестер Сити (3-1) на „Вембли“. На врвот на Премиер лигата останаа Ливерпул и Манчестер Сити, кој денес го игра дербито со Челзи.

Гостите можеа да бидат незадоволни од резултатот на крајот од првото полувреме. Нивната организација во одбраната при водечкиот погодок на „пелите“ беше катастрофална. Откако добро започнаа во почетниот половина час, фудбалерите на Клод Пуел дозволија противникот да поведе од првата посериозна шанса. Дефанзивецот Давинсон Санчез се најде на вистинското место по центаршутот од корнер на Кристијан Ериксен и донесе промена на почетниот резултат.

Шансата на мечот за „лисиците“ ја пропушти Џејми Вард кој промаши пенал, што потоа беше казнето на спротивната страна. Уште една грешка направи гостинската одбрана која овојпат ја казни Ериксен со удар од далечина. Вториот гол за Тотенхем практично ги реши сите дилеми околу победникот.

Варди се извади за промашениот пенал и до крајот намали на 2-1 и донесе неизвесна завршница. Сепак, последните моменти донесоа нов погодок во мрежата на Каспер Шмајхел од страна на Хеунг-Мин Сон. Лестер петти натпревар во низа не знае за победа, па шансата за успех ќе ја гледа во следното коло кога ќе го пречека Кристал Палас.