ВИДЕО: Лестер со човек помалку слави херојско реми кај Вулверхемптон

Вулверхемптон

Екипата на Лестер Сити оддолеа на нападите на Вулверхемптон и со играч помалку се избори за големо реми без голови (0-0). Поседот на топка убедливо беше на страна на „лисиците“, кои ги одиграа последните 15 минути од мечот без исклучениот Чудури. Тој заработи втор жолт картон и ја остави екипата на цедило во завршницата.

  • Извештај од натпреварот: 

Домашната публика имаше момент на радост на крајот од првиот дел. Вили Боли постигна погодок за водство, но истиот оправдано и по консултација со ВАР-собата беше поништен од главниот судија.

Мутињо и Хименез пропуштија големи шанси за „волците“ во завршните моменти. Евентуален погодок сигурно ќе беше единствен и одлучувачки на денешната средба.

На крај, Лестер не успеа да се врати на второто место и остана зад Манчестер Сити, а Вулверхемптон направи чекор назад во борбата за излез во Европа.