Лестер и Монако разменија позајмици: Тилеманс за Адриен Силва

Премиерлигашот Лестер Сити и францускиот вицешампион Монако разменија позајмици во последните минути од зимскиот преоден рок. Имено, „лииците“ го добија младиот белгиски напаѓач Јури Тилеманс до крајот на сезоната, а во спротивен правец во „кнежевството“ замина Адриен Силва. 

Иако одлично започна, Тилеманс не успеа да ја продолжи својата тенденција на напредок и сезонава беше непрепознатлив. Клоп Пуел верува во него и го доведе да му помогне на Лестер Сити во битка за што е можно подобар пласман во Премиер лигата.

Двајцата нови фудбалери веќе беа претставени во своите нови средини и можат да дебитираат веќе овој викенд.