ВИДЕО: Лестер и математички испадна од ПЛ, Ливерпул на чекор од титулата!

Екипата на Ливерпул го направи претпоследниот исчекор кон шампионската титула во Премиер лигата откако славеше на гостувањето кај Лестер Сити (0-1) во натпреварот од 33. коло. 

„Црвените“ на Арне Слот долго се мачеа да го срушат домаќинот, а тоа им појде од рака дури во 76. минута, кога Трент Александер-Арнолд ја затресе мрежата за 0-1, воедно поставувајќи го и конечниот резултат на мечот. 

Статистиката вели дека Ливерпул имаше апсолутна доминација во текот на сите 90 минути и навистина е чудно како само еднаш го погоди домашниот гол, но сосема доволно за победа и тринаесет бода предност пред Арсенал

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло „црвените“ треба да го совладаат Тотенхем, со што и математички ќе го обезбедат дваесеттиот шампионски трофеј во историјата. Со евентуална победа над „петлите“, Ливерпул ќе има минимум 13 бода предност на четири кола до крајот на сезоната.