ВИДЕО: Лестер го сруши Челзи и ќе преноќи како лидер во ПЛ!

Фудбалерите на Лестер ги искористија своите шанси и славеа во дуелот против Челзи со 2-0 (2-0), во рамките на 18. коло од Премиер лигата. Со двата гола во првото полувреме, момците на Роџерс беа во одлична положба, а иако „сините“ ја контролираа играта и диктираа темпо нивните напади не беа опасни. 

Само шест минути му требаа на домаќинот од „Кинг Пауер“ да стигне до предност. Вилфред Ндиди со одличен удар од околу 20 метри го матира Менди за 1-0 и воведна радост на Лестер. Бргу потоа Медисон можеше лесно да удвои, ама од далечина ја затресе гредата од голот. На спротивната страна шанса имаше Хадсон-Одои, ама биеше непрецизно. Челзи доби пенал, но по преглед на ВАР беше поништена одлуката бидејќи фаулот бил надвор од казнениот простор.

Удвојувањето на предноста го најави Џејми Варди, откако изби сам пред голот на Челзи, ама Менди му одбрани зицер. Сепак, пред паузата Лестер успеа да стигне до втор гол. Олбрајтон го проигра Медисон, а овој присебно реагира и стрела за 2-0 на паузата. 

Веднаш на стартот од продолжението со глава се обиде Џастин, но неговиот удар беше непрецизен. „Лисиците“ дадоа и трет гол преку Олбрајтон, ама поради офсајд позиција беше поништен. Следеше нова шанса за домаќинот, овојпат преку Тилеманс, но одново се истакна Менди кој вечерва беше најдобар поединец во таборот на Лампард. 

Тимо Вернер конечно успеа да погоди по слободен удар и добро уфрлување, ама поради милиметарски офсајд и овој гол беше оправдано поништен. 

  • Извештај од натпреварот:

Челзи продолжи со променливата игра и од претендент за титулата падна во битка за пласман во евро-куповите. Од друга страна, Лестер стигна до трета последователна победа и шести меч во низа без лигашки пораз, па барем до утре ќе биде лидер во Премиер лигата.