ВИДЕО: Лестер го допре дното, со пет гола во мрежата се враќа од Брајтон!

Екипата на Лестер Сити, која што минатата сезона имаше одлична сезона и заврши во горниот дел од табелата во Премиер лигата, новата ја започна катастрофално. 

За првпат во историјата на Премеир лигата „лисиците“ отвораат без победа по првите шест кола, во кои имаат само едно реми и дури пет порази. Последен тим кој што го посрамоти поранешниот англиски шампион е Брајтон, кој пред својата публика извојува сигурна победа од 5-2 (2-2).

  • Извештај од натпреварот:

На „Амекс Стадиум“ во Брајтон домашните фудбалери повторно одиграа фантастичен натпревар и експресно им се вратија на победите во домашниот шампионат, по поразот во претходото коло од Фулам.

Лестер прв поведе и преку Ихеаначо имаше водство од 0-1, но Томас со автогол и Каиседо донесоа пресврт и радост на трибините. На полувреме се замина со 2-2, затоа што Дака го врати гостинскиот тим во игра, но во второто полувреме Брајтон доминираше и со головите на Тросард и Мек Алистер (2) стигна до заслужена победа од 5-2.

Состави

Roberto De Zerbi

3-5-2

    Brendan Rodgers

    4-1-4-1