Лесни противници за Реал и Барса во Купот на Кралот, Леванте и Барди против Севиља

По завршувањето на Суперкупот, кој по вторпат во историјата се играше надвор од границите на државата и првпат учествуваа четири екипи, во просториите на Фудбалската федерација на Шпанија се одржа ждрепката за третото коло од овогодишниот Куп на Кралот. 

Учесниците на Суперкуп-турнирот во Саудиска Арабија добија лесни противници. Барселона ќе се судри со Ибица, Валенсија со Логроњес, Атлетико Мадрид со Културал Леонеса, додека „кралевите“ ќе гостуваат кај Унионстас. 

Најнеповолна ждрепка од прволигашите имаше Леванте на Енис Барди, затоа што за противник ја доби Севиља, додека Трајковски и Мајорка ќе се сретнат со Зарагоза.

Паровите од третото коло на Купот на Кралот: