• Зоран Мишевски

Прволигашите и најсилните второлигаши изборија пласман во осминафиналето на Купот на Македонија, со лесни гостински победи и натпревари кои наликуваа на пријателски или контролни натпревари. Шкупи. Тиквеш, Воска Спорт, Пелистер и Охрид се чекираа меѓу шеснеаесетте најдобри екипи во најмасовното натпреварување, а сензација приреди Јанг Тим Струга со елиминацијата на Победа.
Еден од фаворитите за трофејот во Купот на Македонија, скппски Шкупи лесно се справи со третолигашот БВК Коњаре, победувајќи го на гостински терен со 0-8 (0-3). Нилтон Родригез постигна три, а Армин Хоџиќ беше автор на два погодоци. По еднаш реализираа Воша и Ацковски Лесна гостинска победа извојува и Пелистер, кој во Кичево го совлада третолигашот Велазерими со 0-4 (0-2). Јошевски и Благоја Љамчевски погодија во првиот дел, а Дарко Размоски и Симеон Христов беa стрелci во вториот дел.
Тиквеш го продолжи добриот момент и извојува победа на теренот на второлигашот Арсими во Чегране (1-2). Охрид му го нанесе првиот официјален пораз на Детонит Плачковица, откако радовишани запишаа пет натпревари во ВМФЛ без пораз. На „Билјанини извори“ домаќинот славеше со 2-0. Мартин Ничевски и Стефан Стојановски беа стрелци на головите за домашната екипа.
- Арсими - Тиквеш 1-2:
Башкими и Скопје играа 1-1, па пенал-рулетот го даде осминафиналистот. Кумановчани славеа со 5-4 и се пласираа меѓу шеснаесетте најдобри екипи во Купот на Македонија. Воска Спорт го декласира третолигашот Кабринци со 0-10. Сикиру постигна три гола, двапати погоди Шабани, а по еднаш погодија Стојчевски, Хајдари, Исени, Рамадани и Рашид.
- Башкими - Скопје 1-1 (6-5 по изведување на пенали):
Најпријатно изненадување приреди Јанг Тим од Струга, кој ја совлада Победа со 4-3 по изведување на пенали, откако натпреварот во регуларниот тек заврши без голови.
- Јанг Тим Струга - Победа 0-0 (4-3 по изведување на пенали):
Пенали се шутираа и во Струмица, каде Гостивар ја совлада Беласица со 0-3, откако натпреварот во регуларниот тек заврши без голови. Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струига Трим Љум, Шкендија и Силекс имаат директно место во осминафиналето.