ВИДЕО: Лесна победа на „црвено-белите“ против бледиот Јавор на Амановиќ

Новата сезона во српската Суперлига започна со предвидлива победа на шампионот Црвена Звезда. Екипата која и сезонава важи за главен кандидат за титулата, водена од истиот тренер - Милојевиќ, рутински го порази Јавор со 2-0 (2-0). 

Бранко Јовичиќ и Бен Набухане ги постигнаа головите, а вистинско чудо е како Јавор не прими уште некој гол. Имено, гостите од 44. минута играа со човек помаку заради исклучувањето за два жолти картони на Бобан Џериќ. Maкедонскиот интернационалец Алекса Амановиќ го одигра целиот натпревар за гостите од Ивањица.

  • Извештај од натпреварот: 

Домашни бодови освои Војводина со победата над Мачва Шабац со 3-1, Напредом падна во Белград против Чукарички со 1-0 (стрелец Лука Стојановиќ), а Рад загуби во Суботица со 2-1. Зоран Даноски беше стрелец за Радник Сурдулица, но неговата екипа загуби во Лучани со 2-1.

Победникот на Купот, Партизан на Саво Милошевиќ утре попладне гостува кај Инџија.